Четири компании ја планираат гасификацијата на Македонија

Bez autora
Oct 10 2010

Четири компании се избрани да ја извршат техничката анализа и да изработат проекти за петте главни магистрали на гасоводниот систем низ Македонија, за што се потрошени 3,2 милиони евра. Меѓу нив е една странска компанија - „Украгаспроект“ од Киев, Украина, со која се потпишани два договора во вредност од 1,5 милион евра и три домашни компании: „Прима инженеринг“, „Диви консалтинг интернационал Македонија“ и „Дик Чакар - Партнерс“, со кои се потпишани три договори во вкупен износ од 1,7 милион евра. Според Министерството за транспорт и врски, кое ја вршеше јавната набавка и ги потпишуваше договорите, на тендерот се пријавиле вкупно седум компании. Освен победниците, меѓу нив биле и „Идом ингенериа и консулторија“ од Билбао, Шпанија и „Балкан консалтинг“ и „МЗТ пумпи“ од Скопје. Првиот договор се однесува на изработка на техничка документација за магистрален гасовод од Клечовце, Кумановско, до Неготино, во должина од околу 100 км.

Четири компании ја планираат гасификацијата на МакедонијаЧетири компании се избрани да ја извршат техничката анализа и да изработат проекти за петте главни магистрали на гасоводниот систем низ Македонија, за што се потрошени 3,2 милиони евра.

Меѓу нив е една странска компанија - „Украгаспроект“ од Киев, Украина, со која се потпишани два договора во вредност од 1,5 милион евра и три домашни компании: „Прима инженеринг“, „Диви консалтинг интернационал Македонија“ и „Дик Чакар - Партнерс“, со кои се потпишани три договори во вкупен износ од 1,7 милион евра.

Според Министерството за транспорт и врски, кое ја вршеше јавната набавка и ги потпишуваше договорите, на тендерот се пријавиле вкупно седум компании. Освен победниците, меѓу нив биле и „Идом ингенериа и консулторија“ од Билбао, Шпанија и „Балкан консалтинг“ и „МЗТ пумпи“ од Скопје.

- Првиот договор се однесува на изработка на техничка документација за магистрален гасовод од Клечовце, Кумановско, до Неготино, во должина од околу 100 км. Тој е склучен договор со компанијата „Прима Инженеринг“од Скопје. За втората и третата делница од магистралите од Неготино до Битола во должина од околу 100 км, и од Чвор Штип до Чвор Хамзали во должина од околу 60 км, е склучен договор со украински „Укргаспроект“.

За четвртиот пакет, кој опфаќа техничка документација за магистрален гасовод од Чвор Хамзали до Стојаково во должина од околу 50 км, склучен е договор со конзорциумот „Диви консалт интернационал Македонија“. Во однос на петтата делница од магистралниот гасовод Скопје - Тетово - Гостивар, со можност за поврзување со Кичево, доставено е решение за избор на компанијата „Дик Чакар - Партнерс“ - велат од Министерството за транспорт и врски.

Оттаму посочуваат дека компаниите треба да ги изработат проектите во рок од 12 месеци, а тие ќе бидат основа за распишување јавна набавка за избор на изведувач, по што ќе се почне со физичка реализација на проектот.

Експерти во областа на енергетиката велат дека веќе се избрани и ревиденти на петте договори што се склучени за магистралите на гасоводот низ Македонија, кои ќе оценат како се одвива изработката на самите проекти. Но, тие потенцираат дека овие проекти се сосема одделни од најавите од Министерството за финансии и руски „Газпром“ дека Македонија ќе се приклучи на рускиот гасовод „Јужен тек“.

- Македонската гасификација, сега за сега, не е поврзана со изградбата на „Јужен тек“, туку се работи за друг проект за гасификација на земјава на кој се чека повеќе од една деценија. Техничката анализа за кракот на „Јужниот тек“ низ Македонија ќе се прави во Русија од страна на „Газпром“ - велат еден бивш вработен во државната компанија за стопанисување со гасоводната мрежа „Га-Ма“. Во зависност од резултатите на таа анализа ќе се знае дали Македонија ќе добие само крак или, пак, низ земјава ќе поминува една од главните магистрали на рускиот гасовод „Јужен тек“ кој од Русија, преку Црно Море и Бугарија предвидено е да носи гас до Австрија на север и до Италија на југ.

Експертите сметаат дека некому не му одговара Македонија да биде гасифицирана и токму затоа веќе 20 години се води судски спор меѓу државата и приватната компанија „Макпетрол“ за сопственоста врз постојната гасоводна инсталација.

- Тој спор се решава на едноставен начин, „како што Путин ги решава споровите со олигарсите“, односно со подготвен договор и пенкало пред камерите на медиумите - велат експертите.

Меѓутоа, потенцираат дека некому му одговара да постои ваков спор и гасот како евтино и еколошко гориво да не стигне до земјава. Станува збор за компаниите што се занимаваат со увоз и трговија со другите енергенси како што се нафтата и струјата. „Макпетрол“ ја има лиценцата за трговија со гас, а главно се занимава со увоз на нафта.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik